Во ноември 2023 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,48% и бележи минимално месечно намалување од 0,01 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 1,07 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити оствари месечен и годишен раст од 0,07 п.п. и 0,97 п.п., соодветно и изнесува 1,74%.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во ноември, е намалена за 0,17 п.п. на месечна основа, при годишен раст од 0,89 п.п. и изнесува 5,38%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,28% и забележа месечен пад од 0,04 п.п., а на годишно ниво е зголемена за 1,01 п.п.
Во ноември, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 5,36% и е минимално намалена за 0,01 п.п. на месечно ниво. Промената во целост се должи на пониските каматни стапки на кредитите во странска валута (за 0,06 п.п.), во услови на раст на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,01 п.п., соодветно). Во споредба со ноември минатата година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е повисока за 1,61 п.п.
Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во ноември, оствари месечно намалување од 0,32 п.п. и изнесува 5,39%. Надолната промена произлегува од пониските каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,34 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), при раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,56 п.п.). Анализирано на годишно ниво, оваа каматна стапка е зголемена за 0,94 п.п.
Во ноември, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 2,23% и е зголемена за 0,27 п.п., во споредба со претходниот месец. Месечната промена се должи на повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,32 п.п. и 0,13 п.п., соодветно), при непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,93 п.п. во однос на ноември минатата година. ‒ Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор, во ноември забележа месечен раст од 0,20 п.п. и изнесува 1,71%. Анализирано по валута, растот е резултат на зголемените каматни стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,58 п.п. и 0,12 п.п., соодветно), додека каматните стапки на депозитите во странска валута остварија пад (за 0,02 п.п.). Годишниот раст на оваа каматна стапка изнесува 0,59 п.п.
Во ноември, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата оствари минимално месечно намалување од 0,01 п.п. и изнесува 5,59%. Притоа, надолната промена е одраз на пониските каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,03 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,01 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е повисока за 0,57 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, овој месец, изнесува 5,35%, што претставува месечен раст од 0,07 п.п. Растот се објаснува со зголемените каматни стапки на денарските кредити во странска валута (за 0,42 п.п.), каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,16 п.п.), како и каматните стапки на кредитите со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е повисока за 0,80 п.п. во однос на ноември минатата година.
Во ноември, кај каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е забележан раст од 0,05 п.п. на месечна основа и изнесува 1,69%. Нагорната промена, произлегува од повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,06 п.п. и 0,05 п.п., соодветно), при остварен пад на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,09 п.п.). Оваа каматна стапка е зголемена за 0,97 п.п., споредено на годишно ниво.
‒ Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6, во ноември, изнесува 2,46% и е намалена за 0,11 п.п. во однос на претходниот месец. Анализирано по валута, месечната промена е резултат на пониските каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,16 п.п. и 0,09 п.п., соодветно). Притоа, кај банките и штедилниците овој месец не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата бележи годишен пораст од 1,10 п.п.