Во тетовска Брвеница, 15-годишниот Илија Адамчевски го фати осветениот крст на денешното традиционално празнување на Богојавление Водици во црквата Свети Атанасиј.
- Старешината на храмот протојереј Ивица Спасеновски ја отслужи празничната литургија, по што беше извршен водосвет и положување на крстот во базенот во црковниот двор, информираа од црковниот одбор при храмот „Свети Атанасиј Александриски“ во Брвеница.
По светиот крст во базенот скокнаа седум учесници.