Илија Петров го фати чесниот крст во водите на реката Луда Мара во Кавадарци.
- Имам 32 години. Веќе 15 години учествувам во традицијата на фаќање на светиот крст на денешниот голем празник Богојавление - Водици. По вторпат успевам да ја имам таа чест и задоволство прв да стигнам до светиот крст, рече тој, посакувајќи здравје, среќа и љубов за сите луѓе.
Петров доби бројни подароци.