Албанската министерка за туризам и животна средина Мирела Кумбаро соопшти дека во првите два месеца од годинава Албанија ја посетиле околу милион странски туристи, што е 41 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Според неа, само во месец февруари, земјата ја посетиле 480.539 странски туристи или 55 отсто повеќе споредено со истиот месец минатата година.

-Бројките од февруари се фантастични, со 55 отсто повеќе посетители од февруари минатата година, што ја прави Албанија домаќин на околу милион странски туристи само во првите два месеца од 2024 година, напиша министерката Кумбаро на социјалните мрежи.

Високите дојдовни бројки во зимските месеци (јануари-февруари), оценува таа, ги потврдуваат тенденциите за посета на Албанија како атракција преку целата година а не само сезонска, поврзана со крајбрежниот туризам.

Минатата година регистриран е рекорден број туристи, над 7,5 милиони што е 35 отсто повеќе споредено со 2023 година.