Претставниците на опозицијата - Србија против насилството, НАДА и движењето Двери и иницијаторите на ПроГлас потпишаа Договор за неопходните изборни услови за слободни и фер избори во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
- Денеска, 9 март 2024 година, на српската јавност и презентираме договор за слободни и фер избори. Потпишувањето на овој договор е само почеток на создавање на широк фронт кој треба да го овозможи минимумот што ни е ускратен, а тоа се фер и слободни избори, како предуслов за слободна и демократска Србија, изјави еден од иницијаторите на ПроГлас, режисерот Драган Бјелогрлиќ.
Потписниците бараат изборите во другите локални самоуправи да се одржат на ист ден со изборите во Белград.
- Предупредуваме дека повторените избори закажани за краток рок и во отсуство на промени на изборните услови нема да бидат ниту слободни ниту фер и дека нема да се согласиме на нив, се наведува во Договорот.
Договорот за неопходните изборни услови се наведува дека се однесува на прочистување на избирачкиот список и почитувањето на препораките на ОДИХР, како и за состојбите во медиумите, пред сè на отворањето на јавниот сервис, како и за претстојните белградски избори.
ПроГлас посочи дека ова не е ситуација која треба да биде партизирана, туку системски проблем што треба да се реши во Србија, со оглед на тоа што има и такви кои велат дека ова биле најчистите избори досега, но и такви кои велат дека биле нерегуларни.
Во него се наведува барањето за утврдување на правна и политичка одговорност за изборните нерегуларности, а се повикуваат сите политички организации кои се согласуваат со точките да се приклучат кон договорот.