Еднаквоста во граѓанските бракови не води автоматски во многу подобар свет кој практично ќе ги елиминира секоја дискриминација и сите предрасуди, но е многу важен чекор во вистинската насока, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на легализацијата на истополовите бракови во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис учествуваше на годишната конференцијата на „The Upfront Initiative“ за инклузивноста, рамноправноста и различноста на работните места, а за овие теми дискутираше со актерот, сценарист и режисер Јоргос Капуѕидис.

- За нас, инклузијата, пред сè во нашата област, значи повеќе жени. Да почнеме со очигледното: немаме доволно жени во политиката. Иако имаме задолжителна квота на гласачките ливчиња, на крајот, кога ќе го видиме составот на Парламентот, немаме толку жени колку што би очекувале. И постојано се трудам и во владиниот состав и во мојот тим да има повеќе жени, истакна Мицотакис.

Грчкиот премиер објасни дека законите на државата мора да бидат за сите, особено кога станува збор за прашања поврзани со правата, кои „по дефиниција се прашања што обично засегаат малкумина“.

На крајот на дискусијата, Мицотакис и Капуѕидис ги поттикна сите да ја преземат својата индивидуална одговорност за инклузивноста и борбата против негативните стереотипи.

- Да направиме сите нешто повеќе, за да создадеме колективна динамична солидарност и да не се потпираме на политиките на државата. Вклучувањето на различностите на работните места е богатство, истакна Мицотакис