Дополнителниот заменик-министер за финансии во техничката Влада Елена Петрова ја обинува Владата дека ги прекршила принципите на одговорно фискално управување.
-Владата на СДСМ и ДУИ ги прекрши принципите на одговорно фискално управување. Прекрешен е принципот на одржливост - Буџетскиот дефицит и јавниот долг сега се прекумерно оптоварување на економијата и не го поддржуваат економскиот раст на долг рок, наведува Петрова во објава на Фејсбук што ја споделува и во соопштение до медиумите.
Петрова дополнува дека е прекршен и принципот на меѓугенерациска одговорност.
-Ваквото фискално управување влијае негативно на благосостојбата на сегашните и идните генерации, пишува Петрова.