Американската кошаркарска суперѕвезда Леброн Џејмс најави дека нема да настапи на следните Олимписки игри во Лос Анџелес.

„Не, не се гледам себеси како играм во Лос Анџелес“, одговори 39-годишниот Џејмс на новинарско прашање дали размислува да игра на следните Олимписки игри.

САД синоќа ја совладаа Франција со 98-87 во финалето на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз, а Леброн Џејмс го заврши натпреварот со14 поени, шест скокови, десет асистенции и пет украдени топки.

Тоа е негов трет олимписки златен медал, прв од 2012 година.

Џејмс беше прогласен за МВП на олимпискиот турнир и беше избран во најдобрата петорка заедно со репрезентативниот колега Стивен Кари и Германецот Денис Шредер, Французинот Виктор Вембанјама и Србинот Никола Јокиќ