Синојќа околу 21 часот се случила престрелка во село Арачиново а едно лице е повредено.
Според МВР, инцидентот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје).
На 28.08.2024 околу 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Арачиново било пукано кон А.И. (24) од с.Арачиново, кој се здобил со повреди и е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Според неофицијални информации, повредениот е 24 годишно момче со иницијали А.И.