Во СВР Скопје, М.М.(47) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на подрачјето на Центар едно лице фрлало тврди предмети од прозор на станбена зграда, при што еден од предметите го погодил и му нанел повреда.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.