Во тек на изградба е Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост во Кавадарци, што ќе располага со капацитет за 40 корисници. Од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, денеска информираа дека вкупната вредност на проектот е 40.856.910 денари.

- За да им се овозможи подобар квалитет на живот на лицата со попреченост. Се работи за проект што беше дел од изборната програма на градоначалникот Митко Јанчев. Ова е само уште еден доказ дека локалната самоуправа се грижи за сите категории на жители во општината Кавадарци, нагласија од кабинетот на Јанчев.