Министерството за образование, наука и иновации на Црна Гора привремено ќе го прекине признавањето на дипломати издадени од високообразовните институции во Босна и Херцеговина, се додека не заврши постапката во БиХ.

Мерката претставува продолжение на активностите и напорите на црногорското Министерство во борбата против сомнително стекнатите дипломи.

Црна Гора нема да ги признава дипломите од следните институции за високо образование: Независен универзитет за политички и општествени науки „Нубл“ Бања Лука; Висока школа за применети и правни науки „Прометеј“ Бања Лука; „Меѓународен универзитет Викторија“ Мостар, правен наследник на Универзитетот за современи науки „ЦКМ“; Висока школа „Унион“ Мостар; Меѓународниот универзитет во Брчко и Универзитетот за деловно инженерство и менаџмент ПИМ, Бања Лука.

Владата на Црна Гора во јули наведе дека преку канали за меѓународна полициска соработка ќе побара информации кои институции за високо образование биле опфатени со истрагата на надлежното Обвинителство на БиХ и Специјалната полициска агенција (СИПА) за издавање на лажни дипломи, како и дали меѓу лицата опфатени со нелегалното стекнување на дипломата има црногорски граѓани.

СИПА во март годинава уапси шест лица во пет босански градови под сомнение за нелегалното издавање на универзитетски дипломи