Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 17:30 часот го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Како што информира МВР, О.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.