Живевме во држава во која владеел „триаголник“ помеѓу политички криминалци, наркокартели и обвинители, рече премиерот Христијан Мицоски, во одговор на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието. Премиерот посочи дека граѓаните не се чувствувале безбедни поради отсуство од спроведувањето на правдата.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски од говорницата постави прашање со појавата и владеењето на „наркокартели“ во главниот град и земјава и околу конечната пресметка со нив. Мицкоски во одговорот посочи дека бил загрижен од поврзаноста на поранешни функционери и криминалци и се избегнувало спроведување на правдата.

- Повеќе ме загрижува што голем дел од овие послушници со здравствени проблеми, биле послушници и на овие наркокартели и биле на платен список кај овие наркокартели. На тој начин ја заобиколувале правдата. Значи овде имаме триаголник: политички криминалци, наркокартели и судии и обвинители. Малкумина, но сега со сериозни здравствени проблеми. Во таква земја сме живееле, рече премиерот Мицкоски.

Тој напомена дека во тој период, државата била за потсмев и оти тогашните функционери наместо да прават држава тие работеле на зголемување на капиталот врз грбот на граѓаните, без етнички предзнак. Тоа, според него, придонело и за иселувањето на младите од земјава и празни села.

- Луѓето се чувствувале обесправени, немало кој да гарантира правда во оваа држава. Оваа влада нема брилијантни резултати, но такво дивеење нема. Може некој и да се обиде, но нема да помине неказнето.