Мицкоски напомена дека во минатото имало банди кои царувале во главниот град и покажувале мускули затоа што имале политичка заднина.

Ги предупредувам и оние структури кои сега зборуваат низ градот и по ноќни клубови дека биле блиски со мене и дека ќе бидат амнестирани. И сега има јуници кои лажно се претставуваат. Нема да има пардон. А не „како до сега“, тоа заврши на 23 јуни пред полноќ. Мора да се сврти нов лист. Граѓаните очекуваат правда и казна за оние кои во минатото ги ограбија, засрамија понижија и клекнаа на колена. За жал, тие сè уште во спрега со овие со анксиозност, рече Мицкоски

Тој напомена дека сегашната власт не влегува во коалиција со наркокартели и бандити, ниту вклучува машини на полноќ за тајно издавање на пасоши. За појавата на криминал во претходниот период, вината ја префрли на претходната владејачка коалиција и начинот на кој ја спроведувале власта.

Точно знаеме со какви алатки и методи се служеле и какви непринципиелни договори правеле меѓу себе. Тоа ја одржувало коалицијата на двете владејачки партии и пошироко со овие картели. Лошото е што уништија многу млади животи заради нивната алчност и нивното здружување и почнаа да употребуваат супстанции кои се недозволени, а дел ги загубија и нивните животи, рече Мицкоски и најави доследно спроведување на правдата