Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа, по пријава дека се заканувал на сопругата со која не живеел заедно, информираа денеска од СВР Велес.

– Синоќа во 21.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Т.(49) од овој град, постапувајќи по пријава од неговата 45-годишна сопруга, со која не живееле заедно, дека ѝ се заканувал на социјална мрежа. С.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.