НБА-лигата ги прогласи најдобрите играчи на неделата.

Во Западната конференција победник е центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ.

Србинот на четири натпревари оствари просек 36,5 поени, 16,5 скока и 11,3 асистенции по натпревар.

Во Источната конференција, ѕвездата на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум го понесе признанието.

Тејтум играше на пет натпревари и имаше просек 25,5 поени, 8,0 скока и 4,5 асистенции.