Министерството за одбрана на Германија соопшти дека ќе престане да ја користи платформата Икс освен во „исклучителни случаи“, како на пример да одговори на кампањи за дезинформации.

Одлуката се однесува и на германските вооружени сили.

Германското МО истакнува дека одлуката е донесена бидејќи „се потешко станува објективната размена на аргументи“.

Министерството за одбрана наместо Икс ќе ја користи платформата за пораки „ВацАп“ за да обезбеди информации за релевантни вести и одлуки донесени од министерот за одбрана. Исто така ќе ги користи и Инстаграм, ЈуTјуб и веб-страница на МО за „транспарентна и поширока комуникација“.