Владата на францускиот центристички премиер Франсоа Бајру го преживеа гласањето за недоверба во Долниот дом на Парламентот.
Гласањето се одржа откако Бајру пред два дена ја претстави програмата на неговиот кабинет во Долниот дом – Националното собрание, а вчера во Горниот дом, Сенатот.
Гласањето беше побарано од радикалната левичарска партија Непокорна Франција“ (ЛФИ) пред два дена, непосредно по првото владино обраќање на Бајру.