Волстрит журнал објави дека Доналд Трамп ќе повика на „револуција на здравиот разум“ во неговото инаугуративно обраќање денеска.

Американскиот весник наведува дека имал пристап до копија од говорот на Трамп и дека во неговото обраќање ќе ја поздрави „возбудливата нова ера на национален успех“.

Според Волстрит журнал, говорот ќе биде пооптимистички од оној во 2017 година, а се очекува Трамп да ја нагласи „виталноста на најголемата цивилизација во историјата“.