Американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да отпушти секого во неговата администрација, соопшти денеска Белата куќа во момент кога бранеше негови потези за шокантното отпуштање 17 владини инспектори.

„Тој е шеф на извршната власт, и затоа има моќ да отпушти секој од извршната власт што сака“, рече портпаролката на Трамп, Каролина Ливит, за потегот, за кој нашироко се смета дека е незаконски, јавија американските медиуми