Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека повеќе хуманитарни проекти се прекинати поради замрзнувањето на странската помош од САД и дека Киев ќе го замени финансирањето каде што е можно.
„Има многу проекти. Ќе утврдиме кои од нив се критични и кои сега имаат потреба од решенија“, рече Зеленски во вечерното обраќање. „Можеме да обезбедиме дел од ова финансирање преку нашите јавни финансии“, додаде тој.