Венко Филипче да си земе нови советници зошто не виделе дека вчера премиерот одговори за Додик

Или Венко Филипче со сила глуми неимформиран или свесно шири лаги, или неговите советници го држат во мрак.

Што и да е од наведените 3 работи, повеќе од сигурно е дека Венко Филипче треба да си земе нови советници зошто не виделе дека вчера премиерот одговори за Додик, ниту пак го информирале дека ова не е 20 век, па граѓаните вчерашните вести да ги читаат утре. Сега е ера на електронски медиуми, социјални мрежи и телевизии, кога информациите се движат бргу и навремено.

Жално е како СДС не само што е назад во времето, туку очигледно е и назад во размислувањето.