Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи денеска да ги намали трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, така што депозитната стапка сега е 2,75 отсто, каматната стапка на главните операции за рефинансирање е 2,90 отсто, а каматна стапка на маргиналната кредитна линија 3,15 отсто.

Тие промени, што се во согласност со очекувањата на пазарот, ќе стапат на сила на 5 февруари.

Добиените информации покажуваат дека процесот на постепен пад на инфлацијата е „на вистинскиот пат“, се вели во соопштението.