Неколку стотици студенти на Универзитетот во Бања Лука, заедно со неколку професори и граѓани, денеска им оддадоа почит на жртвите од уривањето на настрешницата во Нови Сад во студентскиот кампус и им дадоа поддршка на студентите во Србија, кои веќе три месеци се во блокада.

Студентите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Јабланица – Нови Сад, иста борба, друг град“, „Во таа земја има полиња и рози, но слободата само ја исмева таа земја“, „Тишината далеку се слуша“, „На улиците на Белград и Нови Сад има и деца од овој град“, „Сите сме под иста настрешница“.

Студентите кои го организираа собирот претходно истакнаа дека станува збор за мирен и солидарен собир.

- Солидарноста, емпатијата и почитта се вредностите што нè врзуваат. За провокациите, како и за насилната комуникација воопшто, нема место на овој собир, велат тие, пренесе Бета.