Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска демантираше дека претходно оваа недела неформално се сретнал со својот чешки колега Петр Фијала.
- Разбирам дека сум соодветен кандидат за злоупотреба, но тоа е тоа. Неформалната средба со чешкиот премиер Петр Фијала е глупост колку и одморот во хотел во Ханој. На неформалниот состанок во Брисел учтиво се ракував со чешкиот премиер. И тоа е се!“, напиша Фицо на Фејсбук.
Чешкиот премиер претходно на седница на Комитетот за европски прашања на Претставничкиот дом на чешкиот парламент изјави дека во понеделникот неформално се сретнал со премиерот на Словачка во Брисел и изразил незадоволство од изјавите на Фицо за наводно мешање на чешки политичари во внатрешните работи на Словачка, јави словачкиот портал Новини.