Нова жртва на измамници на кои таргет им се повозрасните граѓани. Овој пат 80-годишна жена е измамена за 10 илјади евра откако лице телефонски и се јавило и се претставило како полицаец кој работи во Германија каде живеела нејзината ќерка.
Тој и кажал дека таа направила сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати. Како што е пријавено, таа подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.