Премиерот Мицкоски го растресе осилото на бугарскиот национализам. Борисов, Трифонов, па дури и бугарското МНР синхронизирано и во хор се нафрлија врз македонскиот премиер. Биле разочарани и ја осудуваат неговата логична споредба зошто Албанија не треба да ги стави Бугарите во Уставот, ако таму, според пописот, има поголемо бугарско малцинство отколку во Македонија. Првата реакција стигна од нивното МНР, во форма соопштение.

МНР на Бугарија изразува длабоко разочарување и остро ги осудува најновите изјави на премиерот Македонија, Мицкоски. Прашањето за правата на Бугарите во Македонија не е билатерален спор, туку прашање што се однесува на европските вредности. Министерството ги повикува македонските власти да се воздржат од реторика што создава поделби и омраза и да се фокусираат на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, вклучително и заштитата на правата на сите етнички заедници во земјата, реагираат од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

На оваа реакција се надоврза и Бојко Борисов, лидерот на ГЕРБ, најсилната политичка партија во Парламентот, стожер на новата политичка влада во Софија, кој изјавата на Мицкоски ја нарече провокација.

Тоа е апсолутна провокација, не мора да се придава значење, ете реагираше добро и Министерството за надворешни работи, рече Борисов.

Најсочен во навредите, како и секогаш беше Слави Трифонов, лидерот на партијата „Има таков народ“, која исто така учествува во новата влада, кој отиде до таму, па ја престави Бугарија како жртва.

Толку сум уморен од овие луѓе. Не можам да кажам дали станувам лут или тажен. Овој Мицкоски беше демократски избран. Прекрасно се сеќавам како за време на изборите целата негова предизборна кампања се базираше на омраза. И покрај сите компромиси направени од сите бугарски влади, сите бугарски премиери, сите Бугари воопшто. Ни грам благодарност, грам почит, грам логика. Нема ништо. Само омраза. Сепак, таму има луѓе кои се чувствуваат како Бугари. Кои се Бугари! А Бугарија е секаде каде што живее и еден Бугарин, напиша Трифонов.

Инаку, сите овие реакции следат откако премиерот Мицкоски, за време на пратенички прашања во Собранието, сакајќи да го покаже апсурдот на бугарските барања, направи споредба меѓу официјланите поисни бројки за тоа колку Бугари има во Албанија, а колку во Македонија.

На пописот во 2011 година во Албанија има декларирано 5,5 илјади Македонци. Сега има околу 2.300 и некаде осум илјади Бугари. А, во пописот во 2011 година во Албанија има нула Бугари. Прашањето е следно: Ако сега на овој попис во 2023 година има повеќе осум илјади Бугари, а во 2011 година 5,5 илјади Македонци а сега има 2.300, теоретски останатите три илјади да потпаднале под асимилаторската бугарска политика, како што велите, овие што ја сочинуваат преостанатата разлика до осум илјади, што се, Албанци, праша Мицкоски.

Според многумина, тоа што најмногу го боли новото бугарско државно раководство е што македонската влада не попушта од својот став дека уставни измени се можни само со одложено дејство, став за кој Европскта Унија засега е воздржаа, но не го одбива