Албанската Влада ќе издаде нова еврообврзница, со која ќе се задолжи со 650 милиони евра, со рок на отплата од 10 години.
-Ќе биде искористена за покривање на потребите на владата, како исплата на претходни долгови и други буџетски трошоци, објавија медиумите.
Ова е седма еворобврзница, од 2010 година, со која се задолжува Владата во Тирана на странските пазари. До сега вредноста на еврообврзниците изнесуваат 3,15 милијарди евра.