Во двочасовна посета на Тирана, попладнево престојуваше претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, придружуван од многубројна делегација на високо ниво.
На меѓународниот аеродром го дочека премиерот Еди Рама, а со сите државнички почести и пред Палатата на бригадите.
По интонирањето на химните на двете држави и презентирањето на двете делегации, Рама и Ал Нахјан имаа одвоена средба по што беа потпишани договори за соработка во областа за енергетиката и иновациите.
-Во Палатата на бригадите потпишани се договори во рамките на соработката меѓу Masdar, TAQA, албанската електрокорпорација, КЕШ и електродистрибуција, како и писмото за заложба за проектот Smart City на Албанија со „Presight AI Ltd“, објави АТА.
Во присуство на Рама и Ал Нахјан, договорот од областа на енергетиката го потпишаа вицепремиерката и министерка за енергетика и инфраструктура, Белинда Балуку и претседавалот на МАСДАР, султанот Ал Џабер.
Писмо за заложба го потпишаа министерот за внатрешни работи Ервин Хоџа и првиот човек на "Presight AI Ltd“, Султан Ал Џабер.
Ова, инаку, е прва посета на Ал Најхан на Албанија како претседател на ОАР, која како што ја нарече Рама „посебна посета на стар пријател на Албанците и лично негов голем и драг пријател"