Пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ продолжува со хипокризијата, предлагајќи мерки за заштита на стандардот на граѓаните од опозиција, откако, како што рече „во изминатите 7 години на власт ги доведоа до просјачки стап“.

-Продолжува хипокризијата на СДСМ. После 7 години власт, денес од опозиција предлагаат мерки за заштита на стандардот на граѓаните кои тие во изминатите 7 години ги доведоа до просјачки стап. Предлагаат мерка за намалување на ДДВ на храната и струјата. Економските генијалци од СДСМ, додека беа на власт, спротивно од сега ги зголемија стапките на ДДВ на стотици артикли, рече Здравковски.

За жал, како што дополни „нивното лицемерие не запира тука“.

-Бараат намалување на ДДВ за струјата, а во ниво време цената на струјата беше зголемена за цели 100 проценти. Во ситуација на енергетска криза, кога цената на берзите беше над 800Е за MWh, тие беа глуви на барањата на потрошувачите, на опозицијата и на граѓаните, па не дадоа ниту време, ниту модус да застанат на страна на граѓаните. Напротив, го искористија моментот да го искрадат и уништат енергетскиот сектор преку матни тендери. Економските и енергетските генијалци, успеаја цената на производот на електрична енергија да ја качат од 45Е на 133Е за MWh.Денес цената на струјата е стабилна, а покачувањето е 1,48 проценти во последните 8 месеци, посочи тој.

Тој додаде дека со активните мерки за ограничување на маржите ќе се запира инфлацијата на храната и ќе се заштити стандардот на граѓаните. Здравковски, исто така, информираше дека денес се носи и Закон за заштита на потрошувачите