Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на одвоени средби ги примил амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.
-На средбата со амбасадорката Филипиду заеднички констатиравме дека постои заемен интерес за негување на добрососедските односи, во функција на одржување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот преку негово целосно интегрирање во Европската Унија. Потврдивме заложби за натамошно интензивирање на билатералната соработка, особено во областите на инфраструктурното поврзување, енергетиката, одбраната, културата и туризмот, стои во објавата на официјалниот фејсбук профил на министерот Муцунски.
Австриската поддршката за ЕУ-интеграцијата на земјава и унапредување на билатералните економнски и трговски односи биле во фокусот на разговорите со амбасадорот Памер.
Средби, Муцунски, амбасадор Памер
-Со амбасадорот Памер изразивме заедничко задоволство од одличните билатерални односи и силната динамика во политичкиот дијалог меѓу двете земји во изминатиот период. Се заблагодарив за континуираната австриска поддршка во процесот на исполнување на европските приоритети и нашите заложби за интеграција во ЕУ. Разговаравме и за економските и трговските односи, при што ја потврдивме заедничката заложба за нивно понатамошно продлабочување, се наведува на фејсбук статусот на шефот на дипломатијата Муцунски.