Шефот на белгиската дипломатија Максим Прево денеска изјави дека Белгија е подготвена да испрати мировни сили во Украина.

- Не ја исклучуваме таквата можност, но прво треба да се склучи мировен договор, посочи Прево.

Според него, за мирот да биде траен и прифатлив треба да ги земе предвид интересите на Украинците и Европејците, а не да биде на нивна сметка.

Прево посочи и дека новата белгиска Влада планира летово да го зголеми буџетот за одбрана на два отсто од бруто домашниот производ.