Стапката на невработеност во државава во четвртиот квартал лани изнесува 11.9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според ДЗС, стапката на активност во овој период е 52.5, а стапката на вработеност 46.2.

Во четвртото тримесечје од 2024 година, активното население во државава изнесува 795 321 лице, од кои вработени се 700 526, а 94 795 лица се невработени.