Јавната расправа за предлог законот за именување и дополнување на Законот за спречување корупција и судир на интереси придонесува за унапредување на правната рамка во борбата против корупција, овозможува поефикасна институционална контрола и јакнење на ефикасноста на Државната комисија за спречување на корупцијата, истакнаа учесниците на денешниот настан во Скопје. Министерот за правда Игор Филков, смета дека нацрт законот работен заеднички со мисијата на ОБСЕ и ДКСК ја поставува Македонија на патот кон најважните реформи-силна, правна држава, основа за праведно и транспарентно општество. За ДКСК, нацрт законот ги допрецизира недостатоците и предизивиците со кои што комисијата се соочила при спроведувањето на законот. Пред присутните Филков потенцираше дека корупцијата е најголем непријател на секоја демократска и правна држава, ги разорува институциите и ја нарушува довербата на граѓаните, ја намалува ефикасноста на јавните политики. Тој повика сите да покажат решителност и во однос на превенцијата и на санкциите за прекршителите.
- Со измените на законот кој денеска се разгледува имаме за цел, да создадеме поефикасна и поодговорна државна комисија. Овој нацрт закон внесува нови одредби кои се фокусираат на два главни аспекти-поголема ефикасност на постапките за утврдување на судир на интереси, неспоивост на функции и проверка на имотната состојба на јавните функционери. Се фокусираме на превенцијата, но и на санкционирање на прекршоците како основа за воспоставување на правична и транспарентна политичка и институционална средина. Со ова, го стимулираме создавањето на култура на одговорност и целосна подготвеност за спречување на корупцијата во сите пори на општеството, рече Филков.
За министерот за правда, не станува збор за борба против поединци и групи, туку е битка за правда, за чесното владеење на правото, професионални институции. Реформата ќе придонесе и во зајакнувањето на родовата рамноправност, специфична форма на корупција. Според него, реформата е долгорочен процес, кој во партнерство со граѓански организации, меѓународни партнери, сите кои сакат ефективен правен систем.
- Со овој Закон испраќаме порака- нема да им дозволиме на оние што извршуваат коруптивни дејствија да се кријат зад имунитет или моќ. Нашата одлука е јасна корупцијата ќе биде искоренета, а правдата неприкосновена, рече министерот.
Во видеообраќање шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, истакна дека во изработката на нацрт законот учествувале релевантни чинители, и ја нагласи важноста од вметнувањето на зајакнувањето на родовата рамноправност. За него предложените измени рефлектираат и покажуваат силна посветеност на правната сигурност и транспарентност што се и традиционални стандарди на ОБСЕ. Тој ги покани граѓанските организации и релевантните чинители да учествуваат на дебатата која ќе е одржи на 17 март, годинава.
- Како мисија остануваме посветени и го поддржуваме, процесот, поттикнувајќи го дијалогот, помеѓу институциите, граѓанските организации и ќе ја продолжиме соработката во различните фази од имплементацијата, рече Вал.
Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска рече дека јавната консултации посветени на нацрт-законот за изменување и дополнување на законот за спречување на корупцијата и судирот на интересот е важна за Комисијата од апскет на инклузивност и транспарентноста на процесот. Воедно, комисјата ја препознала потребата од интервенирање во овој закон и допрецизирање на голем дел од одредбите, со цел ефективна примена и остварување на целта на законот.
- Државната комисија има и легитимно, можеби ексклузивно право да говори за слабостите, недостатоците и предизвиците при примена на овој закон со оглед на тоа дека, истата е надлежна за негово спроведување. Од суштествено значење е управувањето со механизмите утврдени во законот да се врши истиот на јасен, недвосмислен и кохерентен начин. Познато е дека антикорупциската проверка на легислативата е една од превентивните надлежности на Државната комисија и претставува алатка за идентификување на регулаторните ризици и справување со ранливостите во законските решенија кои можат да овозможат коруптивни практики, рече Димитровска.
Комисијата директно го применува законот за спречување на корупција и судири на интереси, има појасен преглед на недостатоците, потребно и допрецизирање на определени поими во законот, категоријата избрани именувани лица, блиски лица, семејство, корист, приватен интерес, заедничко домаќинство, јавен орган редовен приход итн. При примената комисијата ја увидела и потребата од допрецизирање и унапредување на одредбите во законот кои се однесуваат на постапувањето на комисијата, видот на актите, роковите за постапување, проширување на опсегот на базите на податоци до кои државната комисија треба да има пристап,постапката за утврдување на неспоивост на функции и усогласување на одредбите за прекршочните глоби.
- Од аспект на стратешката важност на солидно законско решение за борба против корупција, сметам дека е важно да потсетиме дека во Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година во секторот политички систем утврден е приоритетен проблем- несанкционирање на одбивање за доставување на изјава за имот на состојба и интереси од лицата кои имаат ваква обврска, за чие надминување се предвидени две мерки и активности кои ја наметнуваат и потребата од измена на овој закон. Во таа смисла треба да се има во предвид и потребата од дефинирање на состојбата што значи одбивање на пријавување на имотна состојба интереси, од страна на лицата кои имаат обврска истото да го сторат и од друга страна утврдување односно дефинирање на мерки за утврдување на одговорност за лицата кои одбиваат да достават изјава за имотна состојба и интереси, рече Димитровска.
За ДКСК, важна е и размената на искуство за пристапот во борба против корупција со антикорупциските тела од регионот и пошироко, што е додадена вредност при дефинирање на политиките и правната рамка за сузбивање на корупцијата.
- Би сакала да се заблагодарам и на Советот на Европа за експертската поддршка во анализа на недостатоците на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и дадените препораки за нивното надминување. Покрај партнерството на меѓународната заедница за нас, за нас како општестото непроценливо значење или вредност и корективната кога на меѓународната заедница која постојано го следи напредокот на нашата држава во справување со корупцијата, дотолку повеќе имаме одговорност и да ги исполниме препораките кои нашата држава ги добива како од страна на европската унија така и од страна на Греко. Впрочем препораките на Греко се една од причините за потребата од законските измени особено во делот на пријавување, проверка и следење на имотната состојба и интереси на службените лица како и системот на санкции поврзан со пријавувањето на имотната состојба и судирот на интересот, рече Димитровска.
На консултациите присуствуваа експертите претставници од институциите, граѓанските организации, академската заедница и приватниот сектор.