Канада ја суспендираше најголемата фаза од контрамерките против царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за канадскиот извоз, откако тие беа одложени веднаш по нивното воведување.
Ова следува, откако Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се ослободуваат од царини широк спектар на стоки кои доаѓаат во САД од Мексико и Канада.
Изземањето се однесува на стоките согласно Северноамериканскиот договор за слободна трговија постигнат за време на првиот мандат на Трамп и ќе трае до 2 април, кога Трамп планира уште една рунда царини за стоки од голем број земји, јави Ен-Би-Си Њуз.
Околу половина од стоките што доаѓаат во САД од Мексико спаѓаат под изземањето, а околу 38 отсто од стоките од Канада ќе се квалификуваат, рече висок претставник на администрацијата.
Трамп објави дека привремено ќе ослободи многу канадски производи од новите царини.
Инаку, како одговор на претходно воведените царини, Канада воведе тарифи за американски стоки во вредност од 30 милијарди канадски долари (19,5 милијарди евра), но одлучи засега да не ја спроведе втората фаза од санкциите, која предвидуваше тарифи за производи вредни 125 милијарди долари. Ова го потврди канадскиот министер за финансии Доминик Либлан.