Градоначалникот Горан Герасимовски, по повод утрешниот Меѓународен ден на жената, 8 март, во Градскиот парк и во Дебар маало, на жените и девојките им подели билети за претстава во Театар Комедија, соопшти Општина Центар.
- Наместо цвеќе, оваа година решив моите Центарки да ги изненадам со билети за Театар Комедија. Се надевам дека ќе уживате во претставата и ќе ја наполните вечерта со смеа и убави моменти, истакна Герасимовски.
На симболичен начин, Герасимовски се заблагодари за силата и посветеноста што жените ја носат во секојдневието, стои во соопштението од Општина Центар.