Четири уметнички дела биле од насилно отстранети од ѕидот, фрлени на подот при што се скршило заштитното стакло при упадот на пратеникот Николаос Пападопулос од грчката радикално десничарска партија Победа во Националната галерија на Грција, бидејќи сметал дека конкретната изложба е богохулење, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратеникот откако над шест часа беше задржан од полицајците, беше ослободен, додека пак од Управниот одбор на Националната галерија преку соопштение недвосмислено го осудија „секој чин на вандализам, насилство и цензура што ја нарушува уставно загарантираната слобода на уметничко изразување“ и паралелно објавија и фотографии, на кои се гледаат скршените рамки на подот од просторијата.

УО одржал вонреден состанок по упадот од пратеникот, објаснија дека во 11.35 часот Пападопулос заедно со уште едно лице нанеле материјална штета на четири уметнички дела.

Дополнително, изразија доверба во менаџментот на галеријата и поддршка за одобрената уметничка програма, „обезбедувајќи дијалог помеѓу различните трендови, текови и уметнички мислења“.

Пратеникот од радикално десничарската партија за конкретната изложба пратеникот пред неколку дена испратил писмо до Националната галерија и побарал да се повлечат конкретни експонати за кои смета дека се богохулно, а паралелно побарал одговори и од министерката за култура на Грција.

Откако беше ослободен се осврна на овие негови барања ја нагласил „императивната потреба да се повлечат богохулните експонати од Националната галерија што ја навредуваат нашата религиозна вера со фалсификувањето што ја сквернави нашата Богородица, мајката на сите нас, нејзиниот роден син Исус Христос, како и светителите на нашата црква“.

Додаде дека откако не добил одговор, денеска ја посетил Националната галерија со надеж дека ќе се сретне со директорката за лично да разговараат за темата, но била отсутна, па така ја посетил изложбата и рече дека се почувствувал „брутално навреден како православен христијанин“.

Поради инцидентот и упадот на пратеникот, Националната галерија денеска беше затворена за посетители.