Најмалку 10 жртви има во големиот пожар што избувнал ноќеска во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на настап на популарна македонска група, на кој присуствувале 1500 посетители, според неофицијални информации.
Засега, здравствените институции не кажуваат точна бројка на починати и повредени, бидејќи, како што велат, јавниот обвинител забранил изнесување на вакви податоци.
На социјалните мрежи пак, се појави видео од местото на настанот, односно од пожарот во дискотеката Пулс.