На концертот на ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани присуствуваа повеќе од 1.500 лица. Пожарот избил во три часот по полноќ по што настанало гушење на присутните и стампедо, а бројот на жртвите е над 50 според информациите од МВР.

Според првичните сознанија од истрагата причина за пожарот во дискотеката во Кочани во која загинале најмалку 50 млади лица била несоодветната употреба на пиротехнички средства.