На социјалните мрежи денеска излегуваат фотографии на млади лица за кои се тврди дека биле во дискотеката Пулс во Кочани каде избило пожар.

Повеќе родители во очај си ги бараат децата преку социјалните мрежи објавувајќи им фотографии и молејки за информации дали некој ги видел во неколкуте болници во кои се однесени повредените. Меѓу нив има доста малолетници, а бројката на згрижени е голема.

Сите надлежни служби, меѓу кои и екипи на противпожарната служба, брзата помош и полицијата, веднаш пристигнаа на местото на настанот и сè уште работат на расчистување на урнатините.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани е веќе на терен, а дополнително, кон градот се упатени и претставници од Јавното обвинителство на Република Македонија.