Сочувство и длабока тага „за страшната трагедија во Кочани во Северна Македонија“ изразија преку платформата Икс од Министерството за надворешни работи на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

- Нашите мисли се со пријателскиот народ на Северна Македонија и со семејствата на жртвите на кои им изразуваме најдлабоко сочувство, како и брзо закрепнување на повредените, напишаа од кипарското МНР.

Трагедијата во Кочани, како и во светските и регионалните медиуми, така и за кипарските е една од главните вести денеска.