Со денешните пет натпревари комплетирано е 25. коло на Првата македонска фудбалска лига по кое Шкендија ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на второпласираниот Силекс.

Тетовските „црвено-црни“ забележаа победа над Брера, а сенка на натпреварот фрлија нејзините навивачи кои пееја песни и довикуваа за време на минутата молк за жртвите од трагедијата во Кочани.

Работнички освои три бода и се зацврсти на третата позиција по „киксот“ на Гостивар.

Постигнати резултати:

Гостивар – Воска Спорт 0:2

Работнички – Беса 1:0

Шкендија – Брера 2:1

Силекс – Тиквеш 1:1

Струга – Шкупи 0:0.

Во саботата Пелистер – Вардар 1:3.

Табела: Шкендија 53 бода, Силекс 49, Работнички 48, Гостивар 44, Струга 39, Шкупи 32, Пелистер 29, Вардар 25, Тиквеш 22, Воска 22, АП Брера 21 и Беса 21.