Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар денеска изјави дека Израел е загрижен поради наводната цел на Турција да ја претвори Сирија во свој протекторат.
„Тие даваат се од себе Сирија да стане турски протекторат. Јасно е дека тоа е нивната намера“, изјави тој за новинарите во Париз.
Сар изрази загриженост и за „негативната улога“ што Турција, освен во Сирија, како што рече, ја има и во Либан и во другите делови од регионот.