Четири лица се тешко повредени откако возило се преврте утринава на обиколница во Волково.

Информацијата за МИА ја потврди шефот на смена во Брза помош - Скопје, доктор Драган Панов.

- Итната помош интервенираше со четири амвулантни возила. Три лица со тешки телесни повреди се пренесени во ГОБ 8 Септември, а едно во Свети Наум Охридски, појасни доктор Панов.