Противпожарен хеликоптер се урна денеска во Јужна Кореја, а пилотот загинал, јавија јужнокорејските медиуми.

Хеликоптерот бил вклучен во гаснењето на пожарот во југоисточниот град Даегу.

Во последните денови, земјата беше зафатена од најлошите шумски пожари во нејзината историја, во кои загинаа најмалку 30 луѓе и уништија куќи и згради.