Владата функционира обединето и единствено. Мнозинството е стабилно и има чиста дво-третинска поддршка во рамките на македонското Собрание, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Прашан за информациите дека Арбен Таравари ќе ја напушти коалицијата Вреди, Мицкоски рече дека во јавноста има многу информации, и ќе се воздржи од било какви коментари.
- Само би кажал дека Владата функционира обединето, единствено. Оваа Влада има неофицијално чиста дво-третинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеници ја поддржуваат, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Тетово.
Разбирам, рече Мицкоски, зошто е загриженоста на јавноста, но за разлика од минатото, мнозинството е стабилно.
- За разлика од минатото, кога секој ден на стаклени нозе висеше мнозинството, овојпат тоа е стабилно и треба да ја оставиме Владата да работи како што е досега, порача Мицкоски.