Руската Дума денеска го ратификуваше 20-годишниот договор за стратешка соработка со Иран.

Договорот за сеопфатна стратешка соработка беше потпишан од рускиот претседател Владимир Путин и неговиот ирански колега Масуд Пезешкијан на 17 јануари во Москва.

Според документот, Москва и Техеран ќе се консултираат и ќе соработуваат во случај на воени и други закани за нивната безбедност.

Покрај тоа, тие ќе спроведат заеднички воени вежби на територијата на двете земји и во други региони.

Договорот го консолидира статусот на стратешки партнери на Русија и Иран и ги опфаќа сите области, вклучително и одбраната, антитероризмот, енергијата, финансиите, транспортот, индустријата, земјоделството, културата, науката и технологијата