Европа и Соединетите Американски Држави треба меѓу себе да имаат нулта царини, а тоа треба да биде европската цел во тековните преговори со САД, изјави денеска финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен.

„Вклучувањето во глобална трговска војна е најсигурниот начин да се постигне глобална рецесија“, рече Валтонен на заедничката прес-конференција со нејзината шведска колешка во Стокхолм, Марија Малмер Стенергард.