Постепеното бавно закрепнување на папата Франциск продолжува откако пред повеќе од две недели ја напушти римската болница „Агостино Џемели“, каде што се лекуваше од пневмонија, соопшти денеска прес-службата на Ватикан.

Процесот на закрепнување продолжува, а папата е добро расположен, пренесува „Ватикан Њуз“.

Како што се наведува, тој прима терапија и ги извршува работните активности, телефонски разговори и прима црковна документација. Остатокот од времето папата го поминува во одмор и молитви.